Фудбалерите на Охрид кои пролетва не знаат за победа, особено не дома каде во серија претпрпеа неколку идентични минимални порази, на гости го поправаат впечатокот.

Откако загусти по последниот пораз на „Билјанини извори“, охриѓани стиснаа заби и на гостувањето во Скопје кај истоимениот тим денеска се изборија за бод играјќи 2:2 во рамки на 24 коло.

Со овој бод Охрид вкупно на своето конто има 26 бода, доволни во овој момент за 12-та позиција. Во следното коло Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Маџари Солидарност, која грчевито се бори за опстанок.

Ohridnews