Во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со поддршка на Општина Охрид во ООУ „Братство Единство“ се одржа четвртиот рапид турнир во шах „Езерски бисери 2025”. На турнирот зедоа учество 56 шахисти од Република Македонија и истиот се одвиваше по Швајцарски систем во 9 кола.
Најдобро пласирана шахистка беше Елена Лушеска ШК „Ласкер“ Охрид, најдобро пласиран млад шахист Димитар Симоноски ШК „Шах Шех“ Битола, најдобро пласиран шахист во категорија 60+ Шкриељ Зеца ШК „Прилеп“ Прилеп.
Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Дејан Ѓорѓиески од ШК „Пелагон“ Прилеп со освоени 7 поени и најдобар Бухолц, сребрен медал за Иван Петровски од ШК „Шах Шех“ Битола со 7 поени и послаб Бухолц од прво пласираниот шахист, бронзен медал за Кире Николоски од ШК „Прилеп“ Прилеп со 7 поени и најслаб Бухолц, четврто место за Андреј Неделковски од ШК „Шах Шех“ Битола со 6,5 поени и пето место за Алекс Насков ШК „Штајниц“ Битола со 6,5 поени и послаб Бухолц од четвртопласираниот шахист.
Од шаховскиот клуб „Ласкер“ упаатуваат благодарност за сите помагатели на турнирот.
OhridNews