Денес по четврти пат се одржува Меѓународниот теквондо ИТФ натпревар по сите Европски стандарди “ОХРИД ОПЕН 2024″, во организација на Македонската Традиционална Теквон-до Федерација и Теквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.

Учество земаат над 300 натпреварувачи, од 31 клуб од 10 земји во регионов, Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија во две дисциплини форми и борби.

Годинава учество ќе земат и неколку европски и светски шампиони, како непобедливиот Кирил Илиев од Фалкон – Благоевград кој е 6 кратен Европски првак и актуелен Светски првак, како во Теквон-до ИТФ, така и на Кикбокс.

“ОХРИД ОПЕН” од страна на ИТФ е ставен на рејтинг листата, каде што се собираат критериуми за Европски и Светски првенства.

Генерален спонзор е “ПН МЕТАЛ”, додека натпреварот е под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт.

OhridNews