Денес во Конгресниот центар во Охрид, започна четиридневната Меѓународна конференција на Друштвото на физичари на Македонија.

Во името на градот домаќин, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска.

Уверена сум дека преку презентациите на научните согледувања и дебати, во текот на овие четири дена, ќе придонесете за подобро разбирање на светот, а науката ќе биде ставена во служба на човештвото и неговиот одржлив развој. Охрид, древниот Лихнидос, низ вековите бил крстосница на разни цивилизации кои оставале свои траги. Дел од тие траги видливи се и денеска и натаму предизвикуваат интерес кај науката, но и кај бројните домашни и странски туристи. Токму врз таа преплетеност на остатоците од минатото, културните и природните реткости, Охрид е претпознатлив во светот, рече Крстеска.

Изрази надеж дека и покрај обврските што ги имаат присутните на Конференицијата, ќе најдат слободно време да уживаат во магијата на градот и да понесат драгоцени спомени.

На конференцијата учествуваат над 80 реномирани научници од Македонија и светот.

OhridNews