Одличното гостопримство и уникатната убавина повторно ги привлече легендите на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда во Охрид.
Во градот покрај Охридското Езеро претстојниот викенд на гости доаѓаат познатите фудбалски имиња кои некогаш го носеле црвено белиот дрес: Станислав Караси, Јован Куле Ачимовиќ, Бошко Ѓуровски, Милко Ѓуровски, Владимир Петровиќ Пижон, Милош Шестиќ, Здравко Боровница, Неџа Милосављевиќ, Илија Најдовски, Драги Канатларовски, Јовица Николиќ, Милош Бурсаќ…
Ветераните на Црвена Ѕвезда ќе одиграат натпревар во мал фудбал со селекција на играчи од Охрид во сабота, 13 април, во спортскиот Центар “Климент Колевски”. Ревијалниот меч почнува во 17 часот, а дружба и фотографирање се предвидени во Гостилница „Боем“.
Покровители и помагатели на настанот се: Гоце Илчески – Гостилница Боем, Михајло Филев – почесен конзул на република Србија во Македонија, Златара Бона Сера, Спортски Центар “Климент Колевски”, Адвајзори, АБВ Дизајн, Винска куќа Струга, Домаќинска куќа Вевчани, АСП ПАК, Алпојо, Моби Петрол, Академија Охрид, Винарија Попов, Мега Солар, Жито Леб, Топ Маркет. Медиумски покровител е Охридњуз.
Г.М.
Фото: Архива Охридњуз