Особено значајно, ќе биде обележувањето на 1100 години од смртта на Свети Наум Охридски Чудотворец. По повод овој јубилеј, кој според најавите ќе се одбележи во текот септември, се планираат неколку културни манифестации.
Втор по значење е јубилејот со кој треба да се обележат 150 години од излегувањето од печат на поемета Сердарот на охридскиот преродбеник Григор Прличев. Оваа годишнина, со бројни пригодни свечености, општината планира да ја прослави во текот на месец март.
Наредниот месец односно во месец април, се навршуваат 30 години од денот, кога охридкото природно и културно наследство е ставено под заштита на УНЕСКО. Овој јубелеј има големо значење за Охрид и поради тоа најверојатно, значајно ќе биде и одбележан.
Покарај овие три важни годишнини, во месец септември ќе биде облежан и еден спортски јубилеј, односно 25 години од одржувањето на првиот Атлетски маратон во Охрид.