Охрид наредната година ќе биде домаќин на Интернационален хорски фестивал. Домаќин на оваа значајна културна манифестација што ќе се одржви во периодот од 22 до 25 август 2008г. е хорот при охридската гимназија „Свети Климент Охридски“.
Од овој хор сметаат дека добивањењто на организацијата на вака значаен културен настан е од непроценливо значење за афирмацијата на Охрид и пронесувањето на неговата слава како духовен и културен центар ширум светот особено меѓу младата популација.
Хорот при охридската гимназија неодамна гостуваше во Холандија каде со своите настапи ја одушевил тамошната публика.
ohridnews