Овој проект охридската полиција го реализира во соработка со ОБСЕ и има за цел да ја подобри мобилноста на полициските екипи во летните гужви, со што дополнително ќе биде зголемена безбедноста на охриѓани и гостите.
За почеток велосипедската единица ќе располага со пет велосипеди. Повеќе детали за проектот ќе бидат изнесени на прес конференцијата што денеска ќе се одржи во СВР Охрид.