Вечерва на градскиот кеј, на добро познатата локација на охриѓани и гостите, со работа ќе почне новиот лаунџ бар „Octava“.

Модерно уреден, со извонреден амбиент внатре и надвор, „Octava“ претставува додадена вредност на угостителската понуда во Охрид. На отварањето ќе присуствуваат голем број гости, кои ќе ги забавува диџеј Вишко.

Наскоро со работа ќе започне и кујната на „Octava“, а менаџментот најавува уште една новина, прекрасна летна бавча која ќе го збогати ионака одличниот амбиент.

Од „Octava“ веќе подготвуваат супер музичка понуда за посетителите претстојниот викенд. Во петок во „Octava“ ќе настапи „Љубојна“, а во сабота „Балтер“.

OhridNews