–Одамна се најавува поставувањето на првата атлетска патека во Охрид. Доста лобиравме во меѓународните иснтитуции и успеавме да ја стекнеме нивната поддршка. Она што сега следува е втората фаза од потпишувањето на договорот. МОК го стори тоа, и чекаме ипотписот на интернационалните инстиутуции. Потоа ќе може да зборуваме за динамиката на поставување на патеката. – вели Иван Цветкоски в.д. на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти.
Резултатите постигнати во овие абнормални услови се еднакви на сензцаија, смета преседателот на федерацијата Цветко Грозданов. Со поставувањето на атлетската патека условите и тоа како ке се подобрат.
– Односите со МОК се значително подобрени и сме во реализиацја на заеднички проект “атлетска патека“.Условите одве се очајни,и побрзо ателтичарите ке се здобијат со повреда отколку да стигнат до некој подобар резултат. Се надевам дека Охрид во блиска иднина ќе добие квалитетна патекаО – вели преседателот на АФМ, Цветко Грозданов.