Во четврток, 27 октомври, ќе започне со работа рустикалното козметичко студио „Petit salon“.

Охрид добива рустикално козметичко студио „Petit salon“. Инфо: 077 991 661

Како што се подразбира од самото име, тука услугите ќе ги добиете, а притоа ќе се чувствувате како да се наоѓате во вашата дневна соба. Ве повикуваме без грижа да се препуштите на вештите раце на Кристина Танческа, нашиот сертифициран козметичар, со 12-годишно работно искуство, стекнато во неколку престижни козметички салони во Канбера, Австралија. – велат од „Petit salon“.

Рустикалното козметичко студио „Petit salon“ ќе нуди услуги за депилација, lash-lifting, надградба со свилени трепки, како и бојадисување веѓи и трепки.

За секој термин за услуга закажан за престојните четврток, петок и сабота, е предвиден попуст од 15 %. – додаваат од „Petit salon“.

Студиото се наоѓа во центарот на Охрид, на ул. „ Петар Чауле“ 52, позади поренешното Мецо Форте.

OhridNews
ПР текст