Во чест на Милчо Ангелески охридските клубови Фајт Мастер и таеквондото HWA RANG ITF од Лескоец во „Билјанини Извори“ организираа меморијален турнир во боречки вештини.


На меморијалниот турнир се појавија 70 борци од 14 различни клубови од целата држава во дисциплините „лајт контакт“, „лоу кик“ и „ММА“.

Таеквондо клубот HWA RANG ITF учествуваше со 13 борци, а победи забележаа : Елена Јанеска, Божидар Димитриевиќ, Христина Митреска, Емилија Спироска, Климент Кузманоски, Филип Ѓоргиески, Миле Климоски, Зоран Донев и Наум Пацески.


Петте натпреварувачи од Фајт Мастер забележаа четири подеди и тоа : Јован Џајкоски (лајт контакт), Панде Рситески (лоу кик), Павел Ванкоски (лоу кик) и Марјан Ангелески (лоу кик).


Двата клуба најавија дека меморијалниот турнир ќе прерасне во традиција и следната година покани ќе добијат екипи надвор од Македонија.

Мх.П.