Споменикот на основачот на меѓународниот Црвен Крст, Анри Денан, во сабота ќе биде откриен во Охрид.
Споменикот на Динан е швајцарска донација и ќе биде поставен во дворот на општинаката организација на Црвениот крст на улицата Димитар Влахов.
Иницијативата за подигнување на споменик на основачот на Црвениот крст ја покрена невладината организација “Анри Денан“ од Струга, а идејата ја подржа Советот на општина Охрид.
За период од нешто повеќе од една година ова ќе биде трет ново откриен споменик во Охрид, откако претходно, на кејот беше поставен споменик на холандскиот пистаел А. Ден Долард, а на градскиот плоштад споменикот на Св. Климент Охридски – заштитникот на Охрид.
Г. Момироски