Понудата на Охрид од неодамна е побогата за билијард & бар „Taboo“, кој ја пополни празнината во забавата што му недостигаше на градот. Всушност, „Taboo“ е паб со сосема нов концепт и понуда каква што нема на друго место во градот.

На близу двесте метри квадратни во центарот на градот, во сокачето наспроти судската зграда, во прекрасно уредениот простор во американски стил, кој зрачи со топлина, билијард & бар „Taboo“ нуди една поинаква, уникатна забава. Покрај големиот шанк просторот е разигран со маси за билијард, пикада и внимателно осмислен ентериер за доживувањето да биде целосно.

Посетителите тука ќе можат да поминат квалитетно време и да уживаат во врвно италијанско кафе, пијалаци и петнаесеттина видови точено и флаширано пиво. Во следниот период билијард & бар „Taboo“ планира да ја збогати понудата со јадења за мезе.

Забавата во билијард & бар „Taboo“ ја надополнуваат две пикада и три професионални билијард маси.

Билијард масите се „деветки“ – турнирски, како и чојата, спунтовите и дупките, но не се наменети само за професионалци, напротив, ќе можат да ги користат и рекреативците, односно сите посетители.

Новиот билијард & бар „Taboo“ е идеално место за забава и дружење, за тим билдинг и уживање со добар пијалок во партија билијард или пикадо.

Фото галерија:

Билјард & бар „Taboo“ – уникатен и единствен на овие простори

Г.М.
Фото: Digital Box