Како резултат на обуката за спасување и извлекување на давеници од брзи води, кои во организација на Црвен крст Охрид и под водство на инструктор за безбедност на вода од Операција Флориан, се реализираа од 10-14 јули на реката Дрим во Струга, Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води.
Единствени во Македонија,обучени по стандардите на Велика Британија, овие тренери и спасители на вода во периодот што следува, на соодветни обуки ќе ги пренесат стекнати знаења и вештини на своите колеги во другите средини во Македонија, со цел да се зголеми безбедноста на вода на брзи води-реки.
Јавна промоција на тимот на спасители на брзи води на Црвен крст Охрид ќе се одржи утре, среда, во 11 часот на старото пристаниште, пред хотел Палас.
OhridNews