Во специјално уреден продажен простор во „Топ тобако“, на централниот плоштад во Охрид, од неодамна започнаа со работа винска продавница и ликер стор, со што на уникатен начин се збогатува понудата на најголемиот туристички центар во земјава.

Во винската продавница, прва од ваков вид во Охрид, застапени се најпознатите домашни брендови со над 100 видови вино. Покрај препознатливите „сорти“ тука можат да се најдат и екслузивни вина, како и акцесоари за вино.

За прв пат во Охрид, во винската продавница во „Топ Тобако“, можат да се најдат пенливи вина од домашно производство, како и специјално дизајнирани вински подароци.

Во винската продавница во „Топ Тобако“, ќе има промотивни акции, а во иднина се планираат и дегустации на вино во комбинација со надалеку познатиот македонски кашкавал и сирење. Со тоа всушност се создава автентичен туристички производ, а приказната за Охрид и Македонија на најубав можен начин, преку храна и вино ќе патува заедно со убавите спомени на туристите насекаде низ светот. Дополнително, отворањето на специјализираната продавница за вино, ќе придонесе за развој на винската култура кај нас.

Македонија покрај по добро вино, позната е и по одличната храна и традиционалните специјалитети како ајвар, пинџур, но и по вкусните мармалади, слатка и мед, кои исто така можат да се најдат во „Топ Тобако“. 

Покрај вино, во „Топ тобако“ се продава и македонска ракија, а мераклиите тука можат да најдат и екслузивна стаклена амбалажа во разни форми.

Во склоп на „Топ тобако“ работи и ликер стор, единствен таков во регионот. Ги нуди сите најпознати, но и помалку познати видови жесток пијалак. Има богат избор на виски, коњак, екслузивни брендови шампањ, ликери, како и специјални сирупи за угостителството.

„Топ тобако“ нуди и уникатен избор на пури, тутун за цигари и луле, како и акцесоари за страствени пушачи.

Винската продавница со најголемиот избор на вино во Охрид и екслузивниот ликер стор во „Топ тобако“, на купувачите ќе им бидат достапни седум дена во неделата.

„Топ тобако“ е најмладиот член на познатиот охридски тргговски бренд „Семафор комерц“, кој постои од 1989 година. Во 2001 година компанијата успешно го лансираше на пазарот синџирот маркети „Топ маркет“, а од 2015 година понудата ја збогати со специјализираната продавница „Топ тобако“ на градскиот плоштад, во рамки на која работат вински и ликер стор.

Горан Момироски
фото: Емил Јовановиќ