Во трговскиот центар „Амам“ синоќа свечено беше отворен новиот центар за разубавување „Ксантика“. Центарот кој се наоѓа на вториот кат од амамот е современо опремен. Покрај стандардните козметички услуги, педикир и маникир, центарот нуди разубавување на тенот со солариум, како и други современи методи за нега на лицето и телото. Отворањето на новиот салон за разубавување синоќа го привлече вниманието на бројни охриѓани кои „Ксантика“ ќе можат да ја посетуваат секој ден од понеделник до сабота.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com