Ученици од основните и средните училишта, млади од факултетите, здруженија на граѓани како и од политичките подмладоци се дел од новоромираниот Младински парламент. 46 “пратеници“ ќе работат за доброто на охридските млади.


Целта на овај парламент е младите директно да бидат вклучени во креирањето на политиките на локално ниво, и да помогнат во процесите на донесување на одлуки. Младинскиот парламент ќе работи паралелно со општинскиот совет, она сето она што сметаме дека е од корист за младите ќе биде разгледано посебно и во работните групи кои ќе се формираат – рече Димче Каневче од МСО кој е носител на ова иницијатива.


Младите се најголемиот потенцијал и добро е нивните благородни идеи што ќе произлезат ние да ги инстуционализираме , истакна претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески.


 – Охрид е една од првите општини каде што се формира овај младинскиот парламент, а тоа е еден од приоритетите на Советот на Млади кој беше пред само две недели оформен. Парламентот ќе има двојно повеќе членови од советници и очекувам тие да бидат функционални во донесувањето на нивните одлуки. Мало олеснување за нив е тоа што тие не се членови на политички партии и многу полесно ќе најдат заеднички јазик. Им посакувам успешна работа . – рече Јаковчески

Избрано беше координативно тело кое ќе се вклучи во реализација на програмата и ќе дава насоки совети забелешки на адреса на локалната самоуправа.

М.П.