Започна финалното oдбројување до најочекуваниот културно – забавен настан во Охрид, музичко – сценскиот спектакл „Зимска Бајка“ во продукција на OhridNews, што ќе се одржи вечерва во целосно исполнетата Голема сала на Центарот за култура „Григор“ Прличев.
Специјално за оваа прилика подготвена е прекрасна сцена, а амбиентот ќе биде надополнет со визуелни и звучни ефекти. До бајковитата сцена води “Филмски булевар” на кој ѕвезди добија изведувачите на Зимска бајка, која оваа година ќе биде во знак на 7та уметност.
Претстои вистинско уметничко доживување со најдобрите филмски класици во изведба на големиот бенд на „Зимска Бајка“ предводен од Драган Василески и Емилија Колоска, кој ќе биде пратен од дузина музичари, пратечки вокали и хорот „Вокс Лихнидос“. Публиката, исто така ќе има можност да ужива во креативниот хумор на извонредното кабаре „2 Mothers brothers“, кое специјално за оваа прилика подготви нов авторски материјал.
OhridNews