Од денес во Охрид ,стапува на должност Државен инспектор за природа во рамките на Државниот Инспекторат за животна средина при министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно законот овластувањата на Инспекторот се насочени кон забрана за собирање на заштитени растителни видови, забрана на отстрел на заштитени животни, забрана на промет со природно богатство, воедно и ја информира јавноста за состојбата со зачуваност на природата конкретно во Охридскиот регион.
– Ова е суштинската потреба на Охридскиот регион која долго време ја инициравме и баравме. Со профункционирањето на Државниот инспектор ќе биде зголемен надзорот врз зачувувањето на природата во регионот а тоа во многу ќе користи и на подготовката на Планот за управување на Охридскиот регион и секако ќе влијае врз намалување на деградацијата на просторот и природните вредности во сливот, изјави Дејан Пановски – секретар на Билатерален Секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
Инспекторот ќе биде со седиште во просториите на Секретаријатот за заштитана сливот на Охридското Езеро во Старото Светиклиментово училиште.
– Се надевам на добра соработка со сите институци и граѓани со цел добивање на повисок степен на заштита на природата во Охрид и охридскиот регион. Таа соработка ќе биде клучна за исполнување на законските обврски и од аспект на заштитата и од аспект на казнената политика – изјави Игор Трајкоски, Државниот инспектор за заштитана природата со седиште во Охрид.