Министерството за животна средина и просторно планирање на Општина Охрид и додели 140 метални контејнери за отпад со капацитет од 1100 литри.

Донацијата е дел од проектот на МЖСПП за успешно справување со цврстиот отпад, во чии рамки на општините во државата ќе им бидат распределени 5000 контејнери и 20 000 пластични канти.

Во реализацијата на проектот е вклучена и Заедницата на единиците на локалната самоуправа, а контејнерите предвидени за Охрид ќе му бидат предадени на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Ohridnews