Како што веќе информиравме, заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид возила. На булеварот „Туристичка“, улицата „Јане Сандански“, Кеј „Маршал Тито“, како и во централното градско подрачје денеска и утре нема да биде дозволено запирање и паркирање на возила.
За време на одржување на Економскиот форум на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки во поширокиот реон и објектите каде ќе престојуваат делегациите, соопшти СВР Охрид.