Поради миење на цевките и други тековни зафати водоснабдувањето во Охрид ќе биде во прекин денеска, соопшти МЈП „Проаква“.
Од претпријатието најавуваат дека во овој период ќе се прават и интервенции на одредени места каде што има потреба од тоа.
Вода нема да има целиот град до Пештани, а намален притисок во водоснабувањето ќе има во селата Лескоец и Пештани.