Започна реализацијата на проектот за подготовка на проектно-техничка документација со цел да се подобри патната и комуналната инфраструктура во регионот.
Центарот за развој на Југозападниот плански регион и општините Вевчани, Дебар, Пласница, Кичево и Охрид беа дел од дводневната обука организирана од страна на UNDP.
На дводевната обука поголем број на експерти со претставниците на Центарот за развој и општините ги разработуваа клучните елементи од проектниот циклус во градежништвото. Проектот на Центарот за развој е во висина од околу 4.000.000 денари и во следниот период се очекува да биде подготвена потребната документација со цел да може да се изврши реконструкција, рехабилитација и изведба на локалната патна мрежа во споменатите општини, како и фекалната мрежа во Пласница, информираат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Проектот е одобрен во рамките на првиот циклус на грантови за изработка на техничка документација, поддржан од страна на владата на Шведска, UNDP и од Бирото за регионален развој.
OhridNews