Во рамки на фестивалот “Ohrid calling” вечерва на стадионот „Билјанини извори“ настапи на еден од најдобрите диџеи во светот во моментов Hardwell.

Настапот на Hardwell беше надополнет со одличен звук и визуелни ефекти, а атмосферата беше извонредна. Со развиорено македонско знаме расположениот Hardwell имаше одлична комуникација со публиката која му возврати со многу позитивна енергија.

Високотиражниот хитмејкер Hardwell со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.  

Фестивалот “Ohrid calling” ќе биде заокружен со концерт на легендарниoт бенд “Бијело дугме” на 4-ти август.

А.М.

“Ohrid calling 2017: Dj Afrojack го размрда Охрид (фото+видео)