Првиот ден од фестивалот “Ohrid calling” мина во знакот на светски познатиот диџеј Афроџек од Холандија, кој приреди извонредна забава на не до крај исполнетиот стадион „Билјанини извори“. Сепак атмосферата беше одлична, а публиката прекрасно се забавуваше. Dj Afrojack настапи од 1.30 до 3 часот, а неговото шоу беше проследено со многу визуелни ефекти.


Dj Afrojack го размрда Охрид

Фестивалот “Ohrid calling” на 2-ри август продолжува со настап на еден од најдобрите диџеи во светот во моментов Hardwell, на стадионот „Билјанини извори“.

Високотиражниот хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.  

А.М.