Вечерва по 17 часот, дел од Охрид остана повеќе од 30 минути без електрична енергија, а во одредени населби има повеќекратен прекин во напојувањето со струја.
Ова ги вознемири гостите кои допатуваа да ја дочекаат новогодишната ноќ во Охрид, но се чини дека најмногу лути беа сопствениците и продавачите во трговските објекти каде што на само неколку часа од новогодишното савје се купуваше се што е потребно, од свечена облека и подароци до храна за празничната трпеза.
Екипи од ЕВН- подружница Охрид се на терен и работат на отстранувањето на дефектот.Од охридската локална самоуправа очекуваат дека до 20 часот ќе с естабилизира електро-системот.
Прекините во еектричниот систем веќе неколку години се јавуваат на 31 декември.
Ohridnews
фото:Васко Бујароски