Преку пропаганден материјал за туристичките потецијали и културните знаменитости, Охрид бил промовиран во рамки на првиот Македонско-Казахстански форум што се одржал минатата недела, во организација на Казахстанско-Македонското здружение и туристичката агенција „Wellness- Holiday“ од Охрид. Во рамки на форумот се разговарало и за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во областа на туризмот.

За намена за овој форум, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески испратил писмена порака, која била прочитана пред учесниците.

-Овој голем и важен форум  е нов поттик за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а особено во туризмот кој е еден од најбрзо растечките бизнис сектори. Уверен сум дека оваа меѓународна конференција ќе ни помогне во остварувањето на нашите намери и дека ќе биде предизвик низ конструктивни дискусии и размена на идеи да ја продлабочуваме и унапредуваме востановената соработка меѓу Македонија и Казахстан, се вели во пораката на градоначалникот Бакрачески.

Во рамките на форумот бил организиран и  коктел со македонско вино и национални специјалитети.

OhridNews