Победата над „зелено белите“ во петтата рунда од Супер лигата можеби скапо ќе го чини охридскиот ракометен состав откако на повреда се пожали Мите Караиванов.


Најефикасниот ракометар со осум погодоци на дуелот со Пелистер го повреди левото колено во самиот финиш од натпреварот и неговиот настап против Металург во среда е доведен под знак прашалник.

Деталните прегледи на коленото од Караиванов ќе покажат за каква повреда се работи и дали и колку ќе треба да паузира.

Неиграњето на Караиванов против Металург во среда во 20 часот во заостанатиот натпревар од третата рунда ќе биде голем хендикеп за охридските ракометари кои врзаа три победа во Супер лигата.

Ohridnews