“Гладијаторите” победнички минаа низ Струга. Во Езерското дерби, што се одигра попладнево во Струга, ГРК Охрид славеше убедливо 17:31, за продолжување на победничката серија во Супер лигата која сега е 5 победи од 5 натпревари.

Натпреварот го одбележа Градимир Чаневски со 20 интервенции.

Градимир Чаневски

Статистика ГРК Охрид: Чаневски (20 одбрани-4 пенали), Ојлески 9, Андоновски 2, Матцуока 3, Јукич 2, Костов 3, Шафранко 2, Јотиќ, Кукоски, Крстевски 5, Пешиќ 3, Кукуловски, Орјоникидзе 1, Бојаниќ, Цирар 1, Ѓорѓески (4 одбрани).

И на овој натпревар 8ми играч на Охрид беа верните “Рибари” кои, истобтака, беа во свој елемент

ГРК Охрид во сабота, 18.30ч. се среќава со РК Бисинов Фруит Ленд на домашен терен во салата „Билјанини Извори“.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: А.Момироска