Скопјанецот Константин Влахо е делегиран за главен судија на натпреварот помеѓу Охрид и Беласица кој ќе се игра во Кавадарци. Помошници на Влахо ќе бидат Недевски Илија и Тошески Саше од Скопје.


Влахо го водеше истиот овој натпревар во првиот дел од сезоната кога на стадионот Младост , Беласица триумфираше со 2-1, а истиот судија го водеше и мечот од 19- то коло во Кичево кој заврши со победа на Напредок од 2-1.

М.П.