По паузата поради настапите на македонската фудбалска репрезентација ,викендов пред нас на терeните ширум земјава се враќаат фудбалерите.
Охридските „сино-бели“ на домашен терен на Билјанини Извори ќе го пречекаат некогашниот вицешампион тимот на струмичка Беласица. Со победа и нови три бода охриѓани ке фатат приклучок кон горниот дел на табелата. По победата во локалното дерби “Илинденци“ осоколени патуваат во Тетово против Дрита од Боговиње. Во Струга, Караорман ќе игра против Слога Југомангат.
Тешко гостувње го чека лидерот на првенството Металург во Неготино кај Вардар Декамел, второ пласираниот Тетекс гостува на минатогдишниот прволигаш Влазрими. Екипата на Турново која исто така се бори за висок пласман дома ке игра против скопска Алумина.Шанса за први бодови на свој терен ке брка Локомотива против Миравци ,и Нов Милениум против Брегалница од Штип .Во скопската пресметка во Автокоманда ке играат Скопје и Маџари.Натпреварите почнуваат во 15,30 мин .
Во првата македонска лига на програмата е 6-то коло.Натпревар со предзнак дерби е мечот во Прилеп помеѓу Победа и скопски Вардар. Но ако двата клуба имаат некои сметки за расчитување од минатото првенство тешко дека фудбалот таму ќе наликува на дерби натпревар .
Лидерот на табелата и непоразениот Милано од Куманово не би требало да има поголем проблем со тимот на охриѓанецот Драган Бочески Напредок. По “оди дојди“ на Влатко Костов на клупата на Ренова ,“гипсарите“ лесни три очекуваат против фенерџијата Цементарница .Во Ѓорче Македонија ке игра против Пелистер, дербито на дното се игра во Куманово , Башкими против Шкендија. Како увертира за настапот во Уефа купот Работнички ке игра против Силекс .
Мирко Постоловски