На скопски Металург на подготовки во Охридм му се придружи екипата на Еурофарм Работник. Релативно новиот суперлигаш во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе одработи поголем дел од втората фаза од подготовките.
– Охрид од почеток беше во моите планови и им се заблагодарувам на управата што ги прифатија моите идеи и желби. Во Охрид ќе работиме со топка, а ќе имаме можност да одиграме и пријателски мечеви со Металург, Пелистер и Охрид. Низ тие натпревари ќе ја најдиме идеалната екипа која ќе го понесе товарот во сезоната која доаѓа. – рече Андон Бошковски.
Во новата сезона „фармацевтите“ ќе настапуваат во Челенџ Купот, а противник ќе им биде литванскиот Каунас, додека во Супер лигата најавуваат на врвот.
OhridNews