Одложувањето на некомплетното прво пролетно коло во Првата лига, како „кец на десетка“ му дојде на Вардар, кој последен ги започна зимските подготовки за втората полусезона во клупската елита. Принудната пауза, скопските „црвено црни“ ќе ја искористат за мини подготовки и тест натпревар во Охрид. Противникот не е познат.
Ќе одработиме неколку тренинзи и ќе одиграме тест средба низ кои ќе можам да видам со што точно располагам. Засега сум задоволен од момците како работат, сепак да си член на Вардар не е мала работа, знаат тие многу добро што значи да го носиш дресот на најтрофејниот клуб и затоа мора максимално професионално да се однесуваат. – изјави за „Спортмедиа“ тренерот на Вардар, Никола Илиевски-Џиџи.
Во првата рунда од втората полусезона, Вардар во вечното дерби ќе ги одмери силите со битолски Пелистер.
OhridNews