Градот Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат база на Вардар за летните подготовки за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Црвено црните“ изминатата натпреварувачка година имаа бурна сезона, но како што стојат работите клубот ќе добие спонзор кој ќе го стабилизира најтрофејниот колектив.

Вардар во Охрид ќе пристигне на 17 јули и ќе помина најмалку десеттина дена во кои ќе треба да се кристализира формата и изгледот на екипата. До тогаш, скопските „црвено црни“ ќе го промовираат комплетниот нов стручен штаб, кој најверојатно ќе го предводи Горан Симов.

Што се однесува до екипата. Од минатата сезона ќе останат Дејан Блажевски, Филип Илиќ, Стефан Лазаревиќ и најверојатно Бојан Најденов. Нови имиња  Оливер Пеев, Бењамин Демир и Борис Јакимовски од Беласица. Потоа Трајче Стојковски, повратникот Вилдан Керим од Косово, Дарко Гроздановски, Дарко Стојанов од Брегалница, Петар Љамчевски од Тиквеш.

OhridNews
Фото: Архива