Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Мирсад Јонуз  го објави списокот на играчи за пријателскиот натпревар со селекцијата на Хрватска што ќе се одигра близу Ријека во местото Кострена на 11-ти февруари со почеток од 14:45 часот.


На списокот на Јонуз се најдоа:

Голмани: Вртески Александар- Победа, Наумовски Кристијан- Работнички

Одбрана: Лазевски Александар- Партизан Србија,  Најдоски Дино- Вардар, Димитровски Владимир- Цементарница, Георгиевски Даниел- Медимурје Хрватска, Блажевски Томислав- Брегалница,

Среден ред: Лостовски Трајче- Локомотив Д. Бугарија, Селмани Севдаиљ- Баер Леверкузен Германија, Стојков Драган Исилиакос- Грција, Шабани Емир- Металург,  Симовски Душан- Македонија ЃП, Павлов Марко -Реал Бетис Шпанија

Напад: Георгиев Драган- Турново, Фазли Самир- Херенвен Холандија, Нестороски Илија- Победа, Ибраими Агим- НК Олимпија Словенија,  Ивановски Мирко- Македонија ЃП

Собирот на репрезентативците е закажан за 5-ти февруари во Охрид.

Ohridnews