По извонредната изведба на монокомедијата „Хотел Бабилон“ на словенечката актерка Виолета Томиќ,  синоќа на малата сцена на Центарот за култура, фестивалот на комедијата вечерва продолжува со нова претстава.

Од 21 ч. исто така во Центарот за култура Краљевското позориште Зетски Дом од Цетиње-Црна Гора, ќе ја изведе комедијата „Сонлив нагон“ од Желјко Станојевиќ, во режија на Нико Горчиќ.

„Сонлив нагон“ е хумористично драмско дело на нималку хумористична тема. Дејствието се одвива во годините кои претходат на воените дејствија на просторите на бивша Југославија. По повод претставата денеска се одржа редовна прес конференција на која беше претставен Цетињскиот тетар.

Ohridnews