Поради дефект во електро енергетскиот систем околу 18:45ч. голем дел од Охрид остана без електрична енергија. Без струја покрај домовите останаа и охридските улица па за кратко во градот владееше вистински мрак.Состојбата се стабилизираше за 40-на минути.
Не е познато што го предизвика прекинот во напојување на Охрид со електрична енергија, но ова е втор поголем прекин во снабдувањето со електрична енергија во последните три месеци. Сличен дефект се случи на 7-ми јануари кога поголем дел од градот без електрична енергија остана повеќе од половина час.
Годинава чести се и дефектите на блоковите во РЕК Битола кој е главен снабдувач на струја за земјата.
ohridnews