Трофејот од Велигденскиот турнир во мал фудбал Охрид 2012, ќе има нов сопсветник, а кој ќе биде тоа, охридската публика ќе дознае по вечерашното финале кое на прогрмата е во 20:30 часот. Од 24 -те екипи колку што учествуваа  на турнирот, пласман во финалето обезбедија Бел Мерцедес и Бекче. За “мечките“ ова е деби учество во финалето, додека Бекче во вториот финален обид ќе проба да стигне до трофејот.


Во 1/2 финалето Бел Мерцедес со 3-1, “прошиша“ крај Дисконт Царовски додека Бекче со тениски 6-1 го совлада Вис Пој во репризата од минатогодишното финале. “Белите“ го срушија митот на Вис Пој кои три години во низа играа во големото финале, а само еднаш се радуваа на пехарот.


Амбициите ги остваривме, се пласиравме во финалето, а таму неможеш ништо да планираш или да мислиш пред мечот. Екипата на Бекче е квалитетна, и се надевам дека ќе биде вистински спектакл за охридската публика – потенцираше капитенот на Бел Мерцедес, Златко Ецкоски.

И двете екипи заслужено се пласиравме во големото финале. Го игравме најдобриот, најквалитетниот и најцврстиот фудбал во текот на турнирот. Кој и да се радува на крајот, нема да е незаслужено, а би сакал да сме тоа ние – истакна голманот на Бекче, Никола Чипаноски.

Во малото финале, кое е на програмата во 19 часот ќе се сретнат поразените од 1/2 финалните дуели Дисконт Царовски и Вис Пој.

Патот до финалето на Бел Мерцедес :

Групна фаза    
Бел Мерцедес  – Враништа 3-1
Бел Мерцедес  – Спарадајс 3-0
Бел Мерцедес  – Теди Комерц 2-0
1/8 финале    
Бел Мерцедес  – Бет ат Хоум 3-0
1/4 финале    
Бел Мерцедес  – Спарадајс 1-0
1/2 финале     
Бел Мерцедес  – Дисконт Царовски 3-1

Патот до финалето на Бекче :

Групна фаза    
Бекче  – Инекс Горица  1-0
Бекче  – АСМ Рача 1-1
Бекче  – Сатеска  5-3
1/8 финале  
Бекче  – Охридски Комуналец 3-0
1/4 финале    
Бекче  – Ликвид  1-1 (2-1 пенали)
1/2 финале    
Бекче  – Вис Пој  6-1

Ohridnews