Ракометните клубови Охрид 2011 во машка и Моби Дик во женска конкуренција пријавија екипи за натпреварување за сезоната што престои.
„Гладијаторите“ ќе се натпреваруваат во Првата лига со сениорската екипа додека за настап пријавија уште во пионерската и кадетската лига.
„Делфините“ свои екипи пријавија во пионерска и сениорска конкуренција. По пријавувањето на голем број екипи ракометот повторно ќе биде спорт број еден во Охрид следната спортска сезона.
Мх.П.