Првите засилувања кај есенскиот првак во Втората МФЛ, Охрид 2004 доаѓаат од соседот Охрид Лоте. На “рибарите“ им престапија фудбалерот за врска Игор Бочески и страничниот дефанзивец Ненад Шопоски.  Не е исклучена можноста уште некој од “градежниците“ да премине од другата страна на стадионот.


Нашата цел останува првенствено да го задржиме костурот на тимот а потоа со млади фудбалери да го  надополнуваме ростерот. По првиот дел од првенствово се наоѓаме во пол позиција која мора да ја искористиме – вели тренерот на “белите“ Зоран Ѓорески.

Од клубот велат дека нема да брзаат со засилувањата и дека уште евентуално двајца –  тројца фудбалери од охридско – струшкиот регион ќе му се приклучат на есенскиот првак. Во тимот по повредите поради кои го пропуштија поголемиот дел од сезоната се враќаат дефанзивецот Ѓоко Гредоски и играчот од средниот ред Наум Џалески.


Деновиве ќе бидат подмирени сите обврски на клубот кон играчите, а стартот на подготовките е закажан за 10 јануари.

М.П.