Охрид`04 претрпе неочекуван пораз од последнопласираниот Влазерими и направи голем чекор назад кон обезбедување на бараж натпревар за опстанок во Втората МФЛ.


“Рибарите“ беа со 2-1 поразени во Кичево, и на две рунди до крајот имаат 2 бода предност пред последниот Влазерими.

До крајот на превенството Охрид ќе игра на домашен терен против Миравци и во последното коло и гостува на Шкендија.

М.П.