Охридскиот второлигаш Охрид 2004 продолжува со контролни средби да ја темпира формата за стартот на новиот шампионат. “Рибарите“ денес попладне во Битола ќе ги одмерат силите со Пелистер.
Ова ќе биде трета меѓусебна средба во предсезоната за овие две екипи. Првата заврши без победник 1-1, додека потоа Пелистер со 6-0 го победи Охрид.
Охрид по мечот со Пелистер, наредната тест средба ќе ја има в недела со српскиот лигаш Смедерево.