Битолчанецот Петар Вељанов ќе го води мечот од воведната рунда во пролетниот дел од шампионатот меѓу Охрид и Локомотива кој се игра на “Билјанини Извори“.


Вељанов за прв пат сезонава ќе води натпревар на кој играат “рибирите“, а прв пат ќе ја дели правдата исто така на меч на “локосите“.

Помошници на Вељанов ќе бидат неговите сограѓани Лозановски Златко и  Клочовски Васко . 4 – ти судија ќе биде Блажевски Тоде исто така од Битола.

Првиот дуел меѓу овие две екипи заврши со триумф на Локомотива со 2-1.

Ohridnews