Охридските “бели“ по осум рунди конечно се израдуваа на победа. “Рибарите“ на “домашен“ терен во Кавадарци ја победија Дрита со 3-2. Гоститете беа тие кои имаа предност по првиот дел,а белите со два гола на Атај и еден на Каланоски  во вториот дел успеаа да направат комплетен пресврт и да прокнижат нови три бода.


По оваа победа се уште остануваат теоретските шанси за опстанок во второлигашкото друштво. Во нареднaта рунда “белите“ гостуваат кај последно пласираниот Влазерими.

М.П.