Во драматичен натпревар на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, екипите на Охрид и Партизан одиграа нерешено 27:27 (14:14).

Во финишот Охрид имаше напад за победа но не успеа да го искористи. Белграѓани исто така имаа напад да го решат мечот во своја корист но им беше одземена топката поради пасивна игра. По истекот на шеесетте минути домаќинот се обиде со шут од 9 метри да стигне до победа но топката заврши над голот.

На голот на Охрид одлична партија пружи Градимир Чаневски кој со 14 одбрани беше прогласен за играч на мечот.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски (14 одбрани), Ојлески 1, Андоновски 1, Мацуока 1, Костов, Шипинкоски 1, Б. Ристевски, Н. Ристески, Бура 1, Тасески 6, Шафранко 3, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Орјоникидзе 2, Бојаниќ 2, Цирар 7.

Статистика Партизан: Арсениќ (9 одбрани), Васиќ 2, Црноглавац 4, Маџовски 2, Шотиќ 1, Јовиќ, Барјактаровиќ 2, Марјановиќ, Котар, Жечевиќ, Ратковиќ 1, Мичиќ 3, Обрановиќ, Поповиќ 2, Пештиќ 6, Леовац 1, Зориќ, Анѓелковиќ 5.

Охрид ќе игра за 7 место на турнирот во сабота во 10:30 часот против екипата на Ловќен.

Во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ Алкалоид го чека подобриот од мечот Вардар – Целје кој се игра вечерва.

Г.М.
Фото: А. Момироска