Македонската боди билдинг сцена за прв пат ќе добие свој преставник на најпрестижното боди билдинг натпреварување Мистер Олимпија, откако учество го потврди охриѓанката Кристел Заровска.
Кристел Заровска која е ќерка на прославениот стоматолог Раде Заровски од 12-та година живее на Карипските острови на Мистер Олимпија ќе настапи како македонски натпреварувач.
Дел од подготовките за Мистер Олимпија ќе ги имам во Охрид. Со нетрпение чекам да се вратам во родниот град каде што подготовките ќе можам да ги комбинирам со времето поминато со моите пријатели, – ни изјави Кристел.
Мистер Олимпија ќе се одржи на 7 октомври.
OhridNews