Женскиот ракометен клуб Металург е следна дестинација за охриѓанката Ивона Блажеска. Таа во Скопје се преселува од матичниот клуб ЖРК Лихнид во кој ги мина сите младински категории.

 

Блажеска која дејствува на пивотменската позиција ќе тренира со сениорската екипа, а право за настап ќе има и во младинската конкуренција.

Трансферот на Блажеска во Металург е награда за волјата на ракометарката која и покрај повредите не се откажа од играњето и доказ за охридскиот клуб Лихнид за добрата работа во младинските категории.

OhridNews