Гитарско дуо Милеска–Андријевски го освоија првото место на интернационалниот фестивал и натпревар за гитара во Нордхорн, Германија. За најдобри на натпреварот ги избра интернационалното жири составено од професори и гитаристи од Германија, Холандија, Тајланд, Турција и Русија.
Анастасија Милеска и Александар Андријевски се студенти на Факултетот за музика и танц во Келн, Германија во класата на професорот Герхард Рајхенбах.
Средно музичко училиште завршиле во ДМБУЦ Илија Николовски Луј Скопје во класата на професорот Дарко Багески. Анастасија Милеска е охриѓанка која основно музичко училиште заврши во класата на проф. Александар Крстаноски во ОМУ Методи Патче во Охрид.
OhridNews