На крајот од секоја календарска година се сумираат резултатите во сите спортски дисциплини и им се одава признание на најдобрите. 2021 година беше исклучително успешна за македонското карате, како на меѓународната сцена, така и дома.
Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), на пригодна свеченост ги додели признанијата на најдобрите во 2021. Меѓу нив е и охриѓанката Ангелина Симиџиоска од карате клубот „ФУДОШИН“ – Охрид – Шампион на Македонија во ката за 2021 (категорија кадети). МТКФ на Симиџиоска и додели признание за втора најдобра кадетка во земјата.
Оваа пролет Ангелина и „ФУДОШИН“ ги очекуваат државните првенства за 2022 година, на кои се очекува таа и клубот да ги потврдат добрите резултати.
Инаку за најдобар каратист на Македонија избран е неприкосновениот Дејан Недев, Европски шампион во кати поединечно, додека кај дамите приматот најдобра каратистка го има Јадранка Недева, исто така Европска шампионка во кати, кумите, фукого и ката тим.
Г.М.